СЕ УНИШТУВА ПРИРОДНОТО БОГАТСТВО НА МАТКА: Продолжува да се гради дивата платформа на Матка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дивеењето на Матка никој од надлежните не го санкционира, иако кажуваат дека станува збор за дивоградба, пишува СДК.

Кањонот Матка е заштитено подрачје од трета категорија и е прогласен за споменик на природата. Тоа значи дека не се дозволени активности кои би ја загрозиле неговата автентичност.

Општина Сарај не ги урива, градоначалникот Блерим Беџети не одговара на телефонските повици, ниту од Општината одговорија на нашите прашања.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека нема надлежност да руши објекти, ама испратиле допис до Инспекцискиот совет.

Од Инспекцискиот совет не одговараат без писмени прашања.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека пратиле барање до Државниот инспекторат на градежништво и урбанизам да преземат мерки.

Од Инспекторатот од порталот не добиле одговор дали инспекрорите излегле на терен и дали ќе преземат мерки.

Но, на Матка ова не е единствената плаформа. На патот кој води кон црквата Свети Андреја се наоѓаат неколку платформи и куќарки на кои стојат табли дека се фирми кои организираат тури со чамец низ езерото. Никој не знае дали чамците се регистрирани.

Подолу кај црквата има друга плаформа на која се наредени кајаци кои се изнајмуваат за кајакарење низ езерото. Во средина на езерото поставени се други дрвени плаформи, кои сега за сега се празни. Целосно заградена сега е и терасата на ресторанот на Матка. Од тереса со маси и столици, стана кафеана со цврста градба.

„Џабе сликате и пишувате, сѐ е легално“, рекол еден од луѓето кои се наоѓаа на платформата за изнајмување кајаци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This