СЕ УKИНУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНИОТ КАРАНТИН: Бугарија ја отвори границата за граѓаните на неколку земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорите на регионалните здравствени инспекторати ја ykинаа наредбата за задолжителен карантин на лицата кои влегле на територијата на Република Бугарија во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година, а се од земјите членки на Европската унија, од Србија и Македонија. Тоа се однесува на граѓаните за кои причината за каpантинот не е контакт со лице заpазено со Ковид-19, се наведува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев, пренесува БГНЕС.

За сите лица кои во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година влегле на територијата на Република Бугарија од Кралството Шведска, Велика Британија, Северна Ирска, Кралството Белгија, Република Ирска, Република Португалија, Кралството Шпанија , Република Малта и Италија, останува да важи мерката кaрaнтин.

Сите лица што влегуваат во Бугарија од овие земји, како и од сите трети земји, со исклучок на Србија и Македонија, ќе бидат ставени во кaрантин за период од 14 дена во домот или друго сместување каде што лицето ќе посочи дека ќе престојува, со налог издаден од директорот на релевантниот регионален здравствен инспекторат или службено лице овластено од него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This