СЕ ФОРМИРА НОВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ АЛБАНЦИТЕ ВО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Нови вработување откако го исцедија буџетот за неколку стотици илјади евра седејќи дома!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, кој е предводен од владиниот потпретседател Хазби Лика, а во кој има околу 1.700 вработени, меѓу кои голем дел што не одат на работа, наскоро оди во историјата откако група пратеници од парламентарното мнозинство во Собранието на Република Македонија предложија измени и дополнувања на Законот за организација и работа на државните органи и Законот за Владата.

Со предложените измени се предвидува формирање на нов министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Како резултат на функционирањето на државата во делот на политичкиот систем, имплементација на Охридскиот рамковен договор и принципите кои произлегуваат од овој договор, како и за промоција и заштита на правата на припадниците на етничките групи во Република Македонија, постои потреба од формирањето на новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците“, се вели во појаснувањето на предложените законски измени.

Покрај предложените измени на Законот за организација и работа на државните органи, пратениците, исто така, предложија измени на Законот за Владата. Целта на овие предложени измени е да се усогласат со Законот за организација на работата на државните органи, кој се очекува да овозможи ново министерство за политички систем и односи меѓу етничките заедници.

Во двата предлог-текста се предлага да престанат да постојат Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Иницијативата за промена на системот за работа на државниот орган постоеше од 2008 година, иако до сега не беше донесена конкретна одлука. Во овој секретаријат, предводен од вицепремиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор, главно се вработени Албанци, а главна задача е зголемување на фер застапеноста во државните институции.

Дури и сега, како што е наведено во законот, примарна задача ќе биде управување и надзор на фер застапеност. Раководител е Хазби Лика, додека стотици албански администратори чекаат да започнат со работа, иако со години тие остануваат дома додека примаат плати од државата.

Пред една година Министерството за администрација и информатичко општество објави дека за плати на вработените по рамковен договор се исплатени над 784 000 евра.Тоа значи дека просечно секој од тогашните 1.688 вработени земал плата од 490 евра седејќи дома, во Македонија или во странство.

Според податоците на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, со К 5 програмата се вработени 1.688 луѓе за кои после неколку години треба да се обезбеди работно место.

Со прераспределбата што ја најавуваше Министерството за информатичко општество и администрација, работно столче први ќе добијат луѓето кои ги исполнуваат условите за некоја од испразнетите раководни функции, а останатите ќе бидат распоредени на работни места во целиот јавен сектор.

Тоа значи дека може да им биде понудена работа во болници, училишта, градинки и ЈП односно секаде каде постои потреба за тоа. Но, тоа не значи дека тие конечно ќе почнат да си ја заработуваат платата бидејки понудата можат да ја одбијат ако работното место не им се допаѓа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This