СЕ ЧЕКА ЗЕМОН ДА БИДЕ ПОВИКАН НА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР: Пратеникот ќе мора да одговори кој според него направил caботажа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извори во обвинителcтвoтo и МВР тврдат дека во овие две институции веќе допрел јавниот глас за можна caботажа за автобусот подготвена од странство, за која јавно зборува пратеникот на владеачката коалиција Рубин Земон.

Неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за caботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара. Се извинувам за оваа мала дигресија во нашата колективната тага, но можеби не е лошо да бидеме и малку “будни” и внимателни, изјави Земон преку својот фејсбук профил.

Со оглед на тоа што се работи за висок државен функционер и донеодамна советник на премиерот кој имал пристап до сериозни државни документи, во МВР и ЈО очекуваат тој самиот во најбрз можен рок да ги приложи своите информации во рамки на тековните истражни дејствија.

Доколку Земон не се пријави сам тогаш МВР и ЈО ќе мораат да ги искористат своите законски права и обврски за во соодветна постапка да се добијат информациите од Земон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This