СЕ ЧЕКА И ПО ЕДЕН ЧАС: Колони возила заглавени на граничните премини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На граничниот премин „Табановце“ за излез од државата се чека околу 45 до 60 минути, а на „Богородица“ времето на чекање е од 15 до 30 минути, информира АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This