April 18, 2024, 11:46 am

СЕ ЧЕКА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ПОДНЕСЕ ПРИЈАВИ ПРОТИВ СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ДРЖАВНИОТ ПУЧ: Беа прекршени Уставот на РМ и Деловникот за работа на Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ и албанските партии вчера направија државен удар поставувајќи измислен претседател на Собранието, пратеникот на ДУИ, Талат Џафери. Целосно спротивно од Деловникот и собраниските процедури, без точката да биде ставена на гласање, СДСМ и албанските пратеници поставија измислен претседател на Собранието.

12-3 (1)

Џафери е нелегално избран за претседател на законодавниот дом бидејќи законските и деловничките процедури не се испочитувани. Не е познат ниту бројот на гласови со кои СДСМ и албанските партии одлучија да си го изберат Џафери за претседател на законодавниот дом, што е надвор од Уставот и процедурите.

За ваквиот обид за нелегален избор на спикер на Собранието, спротивно на законските процедури се очекуваат пријави од обвинителството.

Она што е познато е дека најстариот пратеник (од ДУИ), Али Ахмети и други пратеници не биле во собраниската сала кога се случуваше државниот удар, што значи дека Џафери е изгласан со помалку со 60 пратеници, без пребројување и констатирање на гласовите.

Универзитетската професорка Татјана Каракамишева Јовановска вчера истакна дека ваквото однесување на СДСМ и албанските партии е класична провокација и е тотално неприфатливо.

-Талат Џафери е нелигитимен претседател на македонското Собрание, ниеден негов потпис не е валиден, ова што се случи денес е незаконско, истакна вчера професорката.

Професорот Александар Климовски истакна дека пратениците на СДСМ биле повикувани  да не кршат Уставот и деловникот за работа.

-Во неколку наврати беа предупредени дека до ова може да дојде. Дури и денеска интензитетот на другите пратеници, од другите пратенички групи, беше силен, да не го прават тоа што го намислиле, да не го прават тоа на начин којшто ги крши основните документи по коишто функционира Собранието, а тоа се Уставот на РМ и Деловникот за работа на Собранието. И едното и другото беа прекршени, вели Климовски.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This