СЕ ЧЕКА ОДЛУКАТА НА АПЕЛАЦИЈА: „Ако не може по коњот, удри по самарот“ – рече Ѓоко Поповски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ако не може по коњот, удри по самарот“. Со овие зборови екс помошникот министер за полиција, Ѓоко Поповски, го заврши своето обраќање во судницата, на јавната седница за случајот „Тенк“ во скопска Апелација. Пред да стигне до поговорка, обвинетиот кој првостепено е осуден на 6 и пол години затвор, отфрли дека направил кривично дело при набавката на блиндираниот „мерцедес“ од 600.000 евра. Клучно, се бранеше дека не ја направил спорната техничка документација и оти „мерцедесот“ можел да се купи и со непосредна спогодба наместо транспарента постапка, пренесува Алсат.

На слична линија беа жалбите и на неговиот адвокат, но и жалбите на одбраната на екс премиерот Никола Груевски. Тој, како што вчера најави не дојде во судницата а не дојдоа и неговите адвокати, па нивните жалби ги читаше судот.

„За жал останатите колеги кои се бранители на обвинетиот Никола Груевски немаа можност да присуствуваат на јавна седница и усно да ги презентираат жалбените наводи. Исто така, сметам дека не е правилно тоа што беше издвоена постапката против Гордана Јанкуловска за да може сите заедно, во оваа постапка да учествуваме и да ги изнесеме своите аргументи“, рече Стерјо Зиков, адвокат на Ѓоко Поповски.

Судот сепак не остана покус за недоаѓањето на адвокатите и уште по првата пауза, беше соопштено дека на барем двајца од адвокатите на Груевски судењата денеска им биле одложени, а други биле на предмет кој не е притворски. На останатите жалби на одбраната пак, не остана покусо Специјалното обвинителство. Според обвинителот Гаврил Бубевски, доказите јасно упатуваат дека „мерцедесот“ е купен со наместена јавна набавка, која не можела да се спроведе на поинаков начин.

„По однос на поговорката која ја спомна обвинетиот Ѓоко Поповски, во овој случај е и по коњот но и по самарот удараме. Така што, мислам дека не држи вода во овој случај ова што го спомна затоа што се опфатени сите кои што се дел од целокупниот процес на набавката на возилото. Нема некој овде што не е опфатен“, оцени Обвинителот Бубевски.

За време на јавната седница во скопска Апелација имаше и мал протест на околу 30 тина лица, кои кратко се задржаа пред судот.

Сега се чека одлуката на судот- дали ќе ги уважи жалбите на одбраната и ќе го врати предметот назад во првостепениот суд или ќе ја потврди пресудата.

Доколку предметот се врати назад, сосема е сигурно дека барем Никола Груевски ќе се спаси од потенцијална затворска казна во овој предмет, бидејќи делото кое го направил во 2012 тата година застарува на крајот на октомври оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This