СЕ ЧЕКА ОСТАВКАТА НА СПАСОВСКИ: Полиција искористена во политичка местенка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се чека оставка од техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната прес-конференцијата на која изнесе куп невистини и се обиде да направи политичко- полициска местенка.

oliver_UCK

Исто така, Спасовски се обиде да ја заштити и криминалната структура која ја води предизборната битка на СДСМ во недостаток на политички капацитети на партијата.

Веднаш по интервјуто на Диме Спасов на ТВ Нова, во кое направи реконструкција на настанот од петокот вечерта, кој медиумите на СОРОС го извртеа и направија викенд-сензација, Спасовски излезе на прес-конференција и изјави дека има снимки на кои се гледа дека никој не го брка Спасов и не му се заканува.

Потоа рече дека има и снимки од тоа како Спасов удира во автомобилот на Албанците.

Но, на лагата ѝ се кратки нозете.

Веднаш по прес-конференцијата на Спасовски, во дневникот на ТВ Сител беше објавена ексклузивна видео снимка од безбедносни камери на кое јасно се гледа дека Спасов не само што бил бркан низ скопските улици, туку врз него била спроведена сила и закани со огнено оружје. Од истите снимки се утврди дека немало ниту судар со автомобилот на Албанците.

Исто така се забележува и како алфи од редот на оние кои ги гледавме како бараа оружје да пукаат на своите колеги во МВР кога упаѓаше Катица Јанева, применуваат сила кон Диме Спасов, го удираат од кола и двајца од нив вадат пиштоли. На Спасов му е вперен и пиштол од алфите кои се партиска полиција на СДСМ.

Спасовски и до сега се покажа како еден од најлошите министри за внатрешни работи, во краткиот мандат кој не го доби од граѓаните, туку преку политички договор.

Наместо да ја извршува својата улога на министер за внатрешни работи соодветно, тој го користи министерството и неговата структура за политички хајки.

Затоа македонска јавност бара оставка од техничкиот министер на СДСМ, бидејќи полицијата постои да го брани народот, а не да го тероризира.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This