Се чека формална одлука од Грција за отворање на границата со Македонија, еве од кога ќе можете да патувате

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потребна е формална одлука од Владата на Грција за отворање на границата со Македонија. Прашање на време е кога ќе се состане грчката Влада за да ја донесе одлуката, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Сепак треба формална одлука на грчката Влада. Намерата да се отвори границата е пренесена од премиерот на нашиот премиер, но мора формално да има одлука на грчката Влада за да тоа се случи. Таква одлука се уште нема. Ние сме во очекување да се формализира намерата на Грција за отворање на границите и после тоа да можат да поминуваат граѓаните. Ги повикувам уште еднаш граѓаните да се информираат преку соопштенија на МНР по однос на моментот кога ќе се донесе таа одлука, вели Османи на новинарско прашање за македонските граѓани кои се заглавени на граничниот премин Евзони.

Премиерот Зоран Заев вчера на својот Фејсбук профил објави дека од грчкиот колега Киријакос Мицотакис на средбата во Атина бил информиран дека граничниот премин „Евзони“ кон Грција од денеска се отвора за сите граѓани на Република Северна Македонија, кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела.

Од дежурната служба на ГП Богородица потврдија дека утрово функционираат нормално во очекување на поголемо сообраќајно раздвижување на патници и туристи, но граничниот премин Евзони на грчка страна, и покрај најавите, се уште не е отворен. Од утрово од 7 часот, за кога беше најавено отворањето на ГП Евзони, како што посочуваат, низ нашиот граничен премин кон Грција заминале петнаесетина возила кои до овој момент се уште чекаат на Евзони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This