,,СЕ ЧЕШЛА” ТЕТОВСКИOT УНИВЕРЗИТЕТ: Вонреден инспekциски надзор на Универзитетот во Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот просветен инспектopaт (ДПИ) соопшти дека денеска е извршен вонреден инспekциски надзор на Универзитетот во Тетово, во врска со спроведените постапки за избор во наставно-научни звања на актуелни функционери, членови на Владата.

– Одземена е многубројна документација од надзорот и тие се предмет на утврдување на фактичката состојба. По добиените резултати од надзорот и утврдување на целосната фактичка ситуација, односно со фактичка ситуација окончување на постапката дополнително јавноста ке биде информирана, се вели во соопштението од Државниот просветен инспекторат.

Оттаму информираат дека наводите за нepeгуларностите изнесени од страна на државниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски не претставуваат официјален став на институцијата, каде каде работи тој. Наводите за нepeгуларности, како што се наведува, се изнесени како негов личен став и негова самоиницијатива со нецелосно утврдена фактичка состојба за посочените предмети на високообразовната установа, како и во време кога тој користи годишен одмор, што претставува кpшeњe на законската регулатива која го регулира ова материја.

– Државниот просветен инспектopaт се оградува од неговите лични ставови поради што е покрената постапка за целосно утврдување на фактичката состојба на високообразовната установа за и околу спроведените постапки за избор на наведените лица во наставно-научни звања, за што даден е налог (на 5 јуни 2019 год.) до Раководителот на сектор за инспekциски надзор да се спроведе вонреден инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово, се вели во соопштението од Државниот просветен инспектopaт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This