СЕ ШИРИ ЗАРАЗАТА: Четири нови случаи на Ковид-19 во Гостивар, два во Маврово и Ростуше

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, откриени се шест нови случаи. Четири од новооткриените се од градот, од кои три се поврзани со кластерот во ЈП Комуналец. По речиси двонеделна пауза, повторно се појавија позитивни резултати во општина Маврово и Ростуше. Во селото Требиште две лица со симптоми на болеста имале позитивни резултати на Ковид-19.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, во текот на вчерашниот ден биле тестирани 16 лица. До денеска вкупниот број на активни случаи во гостиварскиот регион достигна 26, Во општина Гостивар 13, во Врапчиште 11 и Маврово Ростуше 2.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 454 тестирања, досега излекувани се 18, меѓу кои има и пет медицински лица. Од последици на Ковид-19 во гостиварско починаа три лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This