СЕ ШТО ВЕЧЕРВА СЕ КАЖА НА „ТОП ТЕМА“ Е ЛАГА: И после 10 изгубени избори по ред, Селмани и останатите марионети не разбираат дека кај народот не поминуваат лаги!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И после 10 изгубени изборни циклуси по ред, Насер Селмани и останатите личности-марионети кои исполнуваат туѓи агенди, не можат да разберат дека кај народот не поминуваат лаги и дека нивното повторување никогаш нема да ги направи вистина, напиша поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на својот Фејсбук профил

jankulovska-gordana-1-

Во продолжение следува статусот на Јанкулоска, како одговор на вечерашната емисија Топ Тема на Телма.

-Вечерва во Топ Тема на Телма, активистите на опозицијата, по навика го напаѓаа ВМРО-ДПМНЕ со лаги, клевети и неточни тврдења. По правило тоа беше без да се даде можност да се презентира вистината преку контра-аргументи, во надеж дека во нивно отсуство, дел од јавноста веројатно ќе ги прифати како точни, тврдењата што тие ги изнесуваат. Нема да ја коментирам целата емисија, бидејќи во неа скоро и да немаше тврдење што не е лага, сепак ќе се осврнам на обвинувањето на Насер Селмани дека нелегалното прислушкување било и по моја наредба. Се гледа дека ни самиот не верува во тоа што добил наредба да го каже. И тој и неговите налогодавци знаат дека тоа е апсолутно неточно. Впрочем и според ЈО, и според правосилната судска пресуда во случајот Пуч, па дури и според нивното партиско СЈО, мојот телефон бил еден од оние што се незаконски прислушкувани непрекинато и тоа со години (што веројатно и во светски рамки е редок пример за најгрубо кршење на човекови права).
Но, зачудува како и после 10 изгубени изборни циклуси по ред, Насер Селмани и останатите личности-марионети кои исполнуваат туѓи агенди, не можат да разберат дека кај народот не поминуваат лаги и дека нивното повторување никогаш нема да ги направи вистина, вели Јанкулоска.

jankuloska

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This