СЕ ШТО ИМАШЕ ДА ПРОМЕНАТ, ПРОМЕНИЈА: Сега нивни наследници сакаат да ја докрајчат Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истите кои што беа големи противници за оформувањето на македонската држава, кои дрско и безобразно го променија името и знамето на Република Македонија без да го прашаат народот истите денеска сакаат да го направата повторно тоа да го направат, вели основоположникот на модерно ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник, Борис Змејковски, во интервју за Наша Тв.
zmejko

-Промовираат една многу опасна теза и веќе со тоа да го изгубиме идентитетот на македонскиот народ и јазикот и да ја разнебитат македонската држава преку двојазичноста на цела Македонија. И сега кога ќе погледнете која е разликата меѓу нас? Од таа страна го имате човекот е наследник на тие луѓе, кои се во состојба да ја продадат државата и повторно да го лажат македонскиот народ . на една телевизија, албански новинар инсистираше да му каже како тоа ќе влијае двојазичноста и тој испадна попаметен од него, испадна поголем аналитичар од „политичарот“ Зоран Заев, каде што упорно го прашуваше: Како мислите тоа да го направите кога Уставот дециден. Лесно е вика Заев, објаснува Змејковски.

Го сменија без референдум знамето, името па заради нивната политика ние денеска сме заложници.

-Јас ги прашувам, кој им одобри да не направат Поранешна Република Македонија? Дали тоа воопшто некаде се постави како прашање на референдум? Па за такви опипливи прашања никој на никому не му дал право сам да одлучува. За тоа одлучува народот, тој е судијата и тој е тој кој ја држи државата. Народот е столбот на државата. Истиот потег го прават сега на помала врата за утре од позиција на власт да ја разнебитат Македонија, доколку народ би им дал доверба, што тоа нема да се случи никогаш, се додека има такви луѓе во таа политичка партија, заклучува Змејковски кој додава дека според него во прашање се големи пари од надвор.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This