СЕ ЈАВИ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: Му cмpдело на амнecтија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очекувам силна реакција од партиите на власт, невладиниот сектор, медиумите и граѓаните. Ги повикувам на протести, а судиите на Уставниот суд да си понесат оставки или да бидат разрешени, вели лидерот на ДС, за Дојче Веле.

Уставниот суд одлучи да поведе поведе постапка за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година

Јавноста е скандализирана од одлуката на Уставниот суд да поведе поведе постапка за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година. Според членот 11-а, претседателот може да ги отповика еднаш дадените помилувања, а со иницијативата се тврди спротивното. Од Уставниот суд посочуваат дека во законодавствата на повеќе членки на ЕУ не постои можност за повлекување на даденото помилување.

„Ваквото дополнување на Законот за помилување, со кое се дава можност Претседателот да го поништи веќе даденото помилување, доведува до нееднаков третман на субјектите. Претседателот согласно со Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување“, велат од Уставниот суд.

Според Судот, со воведувањето на можноста за поништување на даденото помилување во оспорениот Закон, се доведува во прашање неговата согласност со принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните предвиден со член 8 од Уставот.

Врз основа на ова, мнозинството од пет уставни судии (наспроти четири) гласало да се поведе постапка за преиспитување на уставноста на членот 11- а. Истото тоа мнозинство во следните две до три недели може да донесе одлука за укинување, или за поништување на тој член од законот. Во првата варијанта, ќе нема правни последици за судските процеси против лицата за кои беше дадено, па повлечено помилувањето. Но, ако се донесе одлука за поништување на тој член, тогаш ќе се поништат сите обвиненија, истраги и судски процеси што се поведени против 56-те лица кои беа амнестирани од претходниот претседател, Ѓорге Иванов, на 12 април 2016 година.

Извор: Дојче Веле

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This