April 19, 2024, 10:41 pm

СЕ ЌЕ ПРИФАТАТ, САМО ВИЛМА ДА ОСТАНЕ: СДСМ се подготвени се да прифатат во преговорите, само Вилма да не се чепка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски кој воедно е дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавно обвинителство истакна дека за власта секое едно решение за законот би било прифатливо доколку обвинителката Вилма Рускоска остане на својата досегашна позиција.

-Јас мислам дека за СДСМ се би било прифатливо доколку ја оставиме Рускоска. Тоа е мојата теза и јас би кажал дека во оваа ситуација кога формираме ново обвинителство, формираме еден нов систем, време е сите заедно со политички консензус да се обидеме да го избереме најкомпетентното лице кое ќе биде избрано врз основа на високи критериуми и крајната потврда за изборот нема да ја врши Собранието и политичките партии туку советот на јавни обвинители, вели Муцунски.

Муцунски вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на новото законско решение за Законот за јавно обвинителство е да се создаде европско одржливо решение кое ќе се применува со години.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кога зборуваме за нов Закон за јавното обвинителство да не го гледаме единствено низ призмата на СЈО, бидејќи по мене овој закон е многу повеќе од тоа е да создадеме Европско одржливо решение. Решение кое сега ќе се постигне соогласно со носење на Закон, но кое што ќе биде применливо 10-15-20 години од сега. За разлика од некои лажни вести кои што се проветруваат низ јавноста и се промовираат од одредени функционери и во СДСМ и во Владата, тука воопшто не станува збор за некаква борба за амнестија, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This