March 28, 2024, 12:04 pm

СЕ PУШEA PEKОРДИ: Два државни рекорди cpyшени на „Скопје трча“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два државни рекорди на 10 километри на улична трка денеска беа ypнати на третата по ред Skopje Run 10K на која учетвуваа околу 2.000 тркачи. Дарио Ивановски го надмина машкиот државен рекорд во 10 километри на улична трка каде истрча за 31:07 минути, додека Андријана Поп Арсова со 37:02 минути го ypна женскиот државен рекорд во иста категорија.

Во машката категорија втор беше Милош Ранчиќ со 33:44 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:49 минути. Од женските прва беше Теодора Симовиќ со 34:59 минути, второто место го зеде Андријана Поп Арсова и на третото место заврши Билјана Кираџиева со 37:59 минути.

Од штафетната трка најдобри беа Game On со 36:34 минути, по нив NRC-NIKE+RUN CLUB со 37:55 минути и трети завршија 3P DEVELOPMENT со 38:01 минути.

Во склоп на трката оваа година се организираше и хуманитарна акција за донации насловена #ЗасадиВоздух каде од продадените dry-fit маици се одделуваат средства за садници кои тимот на Skopje Run 10K и Град Скопје ќе ги засадат на погодна локација.

Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички. Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт на РСМ и Град Скопје, а ко-организатор е МВР на РСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This