СЕ PACПАЃА КОМИСИЈАТА СО БУГАРИЈА: Димитров пecимиcт за иднината бугарско-македонската историска комисија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Работата на комисијата се претвори во домашен политички проблем за Македонците иако досега, колегите тврдеа дека комисијата не работи под политички притисок, вели проф. Ангел Димитров, шеф на бугарскиот тим од заедничката комисија за историјата за прекинот во траење од 6 месеци на работата на Комисијата.

Според него големо прашање е дали во мај работата на заедничката бугарско-македонска комисија за историјата ќе се обнови, како ќе се обнови и дали воопшто тоа ќе се случи.

„Во моментот сум прилично песимист дека ќе има промена во работата на Комисијата“, истакна професорот Димитров во интервју за БНТ, според кој постои непотребна политичка напнатост меѓу двете држави.

За досегашната работа на Комисијата, професорот вели дека дури на четвртата (од девет) средба биле донесени конкретни решенија, како што е она дека 24 мај треба да се слави задничќки од двете страни.

За спорот околу македонскиот јазик, Димитров рече дека Комисијата не се занимава(ла) со јазични прашања.

Димитров останува на ставот за личноста на Гоце Делчеви и одново потенцира дека историската вистина била важна за Бугарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This