СЗО бара поради Омикрон да се преиспитаат мерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација (СЗО) порача дека државите треба да ги преиспитаат своите мерки за одговор на Ковид-19 и да ги забрзаат програмите за вакцинација за да се справат со сојот Омикрон, иако е рано да се каже колку постоечките вакцини ќе заштитат од новата варијанта.

Глобалното ширење на варијантата Омикрон сугерира дека може да има големо влијание врз пандемијата на Ковид-19 и треба да се спречи пред да бидат хоспитализирани повеќе пациенти. Ги повикуваме сите земји да го зголемат надзорот, тестирањето и секвенционирањето. Секое самодокажување сега чини животи – изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, на прес-конференција во Женева.

СЗО ги коментираше наодите на „Фајзер“ и „Бионтек“ за ефикасноста на нивната вакцина против сојот Омикрон, откако фармацевтските компании соопштија дека нивните три дози вакцина против корона вирус за време на лабораториски тест покажале дека имаат неутрализирачки ефект против сојот Омикрон и дека по две дози се создаваат помалку неутрализирачки антитела.

Предупредувајќи на избрзани заклучоци од испитувањата, главната научничка на СЗО, Сумија Сваминатан, изјави дека е рано да се каже дали намалувањето на неутрализирачките антитела значи дека вакцината е помалку ефикасна.

Ние не го знаеме тоа – изјави Сваминатан, додавајќи дека се потребни координирани глобални истражувачки напори.

СЗО, исто така, најави дека во рок од неколку дена ќе објави преглед на својот став за бустер дозите, но дека со загрижувачки ниските стапки на вакцинација во поголемиот дел од светот во развој, и примената на примарни дози наместо бустери останува нејзин приоритет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This