April 25, 2024, 10:34 am

СЗО: Децата се во мал ризик, споделете ги вакцините преку КОВАКС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Децата и адолесцентите се во помал ризик од добивање на тежок облик на Ковид-19, соопшти денеска Светска здравствена организација, при тоа упатувајќи апел до државите да ги споделат вакцините со сиромашните држави во рамките на програмата КОВАКС.

СЗО укажа на ретката појава на воспаление на срцевиот мускул кај помладите лица, по примањето на мРНК вакцините на Фајзер и Модерна, но нагласи и дека последиците се благи и луѓето кои имале несакани ефекти добро реагирале на лекувањето на миокардитисот.

-Бидејќи многу делови од светот се соочуваат со недостиг на вакцини, земјите кои вакцинирале многу луѓе треба прво да ги споделат вакцините со остатокот од светот, пред да ги вакцинираат децата и адолесцентите, наведе СЗО. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This