СЗО: Европа стана епицентap на епидемиjaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на СЗО, Тедрос Аданон Гебрехесус, изјави дека повеќе случаи се пријавени на овој континент дневно отколку во Кина во екот на епидемијата, објави „Дејли мејл“.

Тедрос ги предупреди државите дека не треба да бидат небрежни при ширењето на епидемијата.

Секоја земја која го разгледува искуството на другите земји со поголемо ширење на инфекцијтаа и смета дека „тоа нема да ни се случи“ е фатална грешка. Може да му се случи на секого – истакна Тедрос.

Досега, повеќе од 130.000 случаи на инфекција се потврдени ширум светот, со најмалку 4.900 смртни случаи, вели СЗО во дневниот извештај.

Претходно денес, Шпанија и Бугарија прогласија вонредна состојба, при што шпанската полиција блокира патишта во градовите во близина на Барселона.

Во Шпанија се регистрирани повеќе од 3.800 заразени лица, а најмалку 120 лица починале.

Коронавирусот започна да се шири од градот Вухан во кинеската провинција Хубеи кон крајот на минатата година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This