April 16, 2024, 10:33 pm

СЗО: Заканата од коронавирус е „висока“ на меѓународно ниво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја ревидираше својата проценка за заканата од новата форма на коронавирусот во Кина на меѓународно ниво, оценувајќи ја дека е „висока“ и повеќе не е „умерена“ како што беше досега соопштено. Тој потег е поради „грешки во формулација“.

 

 

 

 

СЗО досега нагласуваше дека ризикот од вирус е „многу висок во Кина, висок на регионално ниво и умерен на меѓународно ниво“.

„Тоа е грешка во формулацијата и ние ја исправивме“, изјави портпаролот на СЗО.

Минатата недела СЗО одлучи да не прогласи глобална вонредна здравствена состојба, наведувајќи дека Кина презела многу силни мерки, вклучително и изолација на големите градови,со цел стопирање на ширењето вирусот.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус допатува во Пекинг, каде ќе разговара со кинеските официјални претставници за борбата против ширењето на смртоносниот коронавирус, од кој во Кина починаа 81 лице, а 2.750 се заразени.

Директорот на СЗО изјави дека нема да се двоуми да го свика Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација доколку процени дека ситуацијата во Кина е влошена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This