СЗО: Квалитетното лекување е клучно за намалување на cмpтноста од ковид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Квалитетот на здравството, лекувањето, хроничните заболувања, како и возраста кај населението се дел од факторите за високата смртност, вели Д-р Кејти Смолвуд од СЗО за ТВ 24.

Клучен фактор кој може да ја намали смртноста е високата стапка на вакцинација, но како важен фактор го посочува и третманот и медицинската нега на пациентите со КОВИД.

-Работата која СЗО ја врши со колегите од Македонија за да се подобри квалитетот на нега во одделенијата за интензивна нега и во болниците, да се осигура дека кислородната поддршка се дава навремено и луѓе кои не мора да се стават на механичка вентилација, да не бидат ставени на механичка вентилација. Но, постојат и многу други работи и во моментов имаме многу моќна алатка, бидејќи повеќето хоспитализирања и смртни случаи се меѓу поранливите лица постарите и со хронични болести можеме да ја намалиме смртноста со зголемување на вакцинираните лица. Вакцинираните ќе бидат заштитени од хоспитализација и во најголем дел од смрт. И тоа ќе изврши драматично влијание врз смртноста од КОВИД, вели Смолвуд – СЗО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This