СЗО контра Филипче: Не треба да биде задолжителна вакцинацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација (СЗО) објави во понеделникот дека вакцинирањето против новиот коронавирус Ковид-19 не би требало да биде задолжително, освен во специфични професионални околности.

„Не мислам дека треба да се воведе обврска за вакцинирањето“, додаде Кејт О’Брајан, директорка за имунизација и вакцини во СЗО, наведувајќи дека „искуството покажа дека земјите кога сакаа да воведат задолжителност за некои вакцини, тоа не ги донесе посакуваните ефекти“.

„Мислам дека не треба да размислуваме за тоа државите да одредат вакцинирањето против Ковид-19 да биде задолжително“, вели О’Брајан.

Меѓутоа, може да постојат „одредени ситуации во земјите во кои постојат професионални услови за коишто би било потребно или многу препорачливо вакцинирањето“, додаде О’Брајан и наведе „одредени работни места во болниците“.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, ги повика замјите кои вакцинацијата ја предвидуваат во текот на следните седмици и месеци, првенствено да ги вакцинираат оние за кои тоа е најпотребно, бидејќи во почетокот количествата од вакцините ќе бидат ограничени.

СЗО препорачува во прв ред да се вакцинираат здравствените работници коишто се силно изложени на опасноста од зараза, и најизложените лица кои боледуваат од тешки заболувања или се во поодмината возраст.

Доколку се зголеми количеството достапни вакцини, СЗО натаму препорачува вакцинирање на лицата со поголем ризик од тешки форми на Ковид-19, односно оние коишто имаат здравствени проблеми и на маргинализираните групи со поголем ризик, прецизираше челникот на СЗО.

Доаѓањето на вакцината претставува добра вест, истакна Мајкл Рајан, диретор за итни ситуации во СЗО на прес-конференцијата од седиштето на организацијата во Женева и истакна дека треба подобро да се објаснат предностите на вакцините, наместо воведувањето задолжително вакцинирање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This