СЗО: Новиот вид на коронавирус што нaпаѓа деца oткриен во осум европски земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот вид на коронавирус веќе е откриен во осум европски земји, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

Осум земји во европскиот регион на СЗО досега ја идентификуваа новата варијанта на Ковид 19, наречена VOC-202012/01, напиша Клуге на „Твитер.

Според него, новиот вид на вирусот се шири кај помладата популација, за разлика од претходните варијанти.

Клуге повика на внимателност додека се спроведуваат истражувања за неговите ефекти, како и на јакнење на постојните заштитни мерки како што се физичкото растојание и носењето заштитни маски.

Новиот вид на коронавирусот првпат беше регистриран во Велика Британија на 14 декември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This