СЗО предупреди за руската вакцина: „Не е на нашата листа“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација ја повика денеска Русија да ги следи меѓународните насоки во производството на вакцина против ковид-19, откако оваа земја рече дека ќе почне со вакцинирање на населението против короанвирусот во октомври.

Руската вакцина не е на листа на СЗО, од шест вакцини кои дојдоа до третата фаза од клиничкото испитување.

„Понекогаш одредени истражувачи тврдат дека пронашле нешто, што секако е извонредна новина. Но меѓу пронаоѓањето или индициите дека се поседува вакцина која дејствува и вакцина која поминала низ сите фази, има голема разлика, рече портпаролот на СЗО.

Руските здравствени власти во саботата објавија дека се подготвуваат да почнат вакцинирање против коронавирусот во октомври.

Министерот за здравство Михаил Мурашко рече дека лекарите и професорите ќе бидат први кои ќе ја примат вакцината, а потоа постапно и остатокот од населението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This