СЗО: Смртноста од Ковид-19 во Европа за една недела е е зголемена за пет отсто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата недела, повеќе од 2,1 милиони луѓе во европскиот регион се заразиле со коронавирус, а повеќе од 28.000 починале, според Светската здравствена организација (СЗО). За седум дена, бројот на нови инфекции во регионот се зголеми за осум отсто, а смртните случаи за пет отсто, додека во светот инциденцата се зголеми за шест отсто, а бројот на смртни случаи за еден отсто.

Во текот на неделата од 8 до 14 ноември, имаше растечки тренд на бројот на нови инфекции ширум светот: регистрирани се повеќе од 3,3 милиони случаи, што е за шест отсто повеќе од претходната недела, објави СЗО во својот билтен за пандемии. Бројот на смртни случаи во светот е зголемен за еден отсто на речиси 50.000, при што Европскиот регион на СЗО регистрира зголемување на бројот на жртви од инфекцијата за пет отсто.

Регионот учествува со 64 отсто ​​од инфекциите (2.145.966) и 57 отсто од смртните случаи (28.304) во седумте дена.

Според податоците во билтенот, во периодот од 8 до 14 ноември се заразиле 3.446.517 лица, а починале 49.584 лица. Соединетите држави објавија најголем број заразени во текот на неделата (550.684). Следуваат Русија (275.579) и Германија (254.436).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This