April 20, 2024, 12:04 pm

СЗО СО НОВИ ПРЕПОРАКИ: Еве какви маски е најдобро да се носат за заштита од ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги ажурираше своите упатства и им препорача владите да ги замолат сите да носат маски за лице од ткаенина во јавност во области каде постои ризик да го пренесат Ковид-19, со цел да помогнат при намалување на ширењето на пандемијата.

Во своите нови упатства, поттикнати од докази од студии спроведени во последните неколку недели, СЗО истакна дека маските за лице се само една од низата алатки кои можат да го намалат ризикот од пренесување на вирусот и не треба да даваат лажно чувство на заштита.

– Ги советуваме владите да ја охрабрат јавноста да носи маски. И тоа маска од ткаенина, односно не медицинска маска, рече експертот за Ковид-19 во СЗО, Марија Ван Керков.

– Имаме нови истражувачки сознанија. Сега имаме докази дека ако се користи правилно, маската може да обезбеди бариера … за потенцијално заразните капки, посочи Керков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This