СЗО: Bo Вухан знaци нa пoшиpoкa пpвичнa eпидeмиja имaлo yштe вo 2019 гoдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мисијата на СЗО откри дека уште во декември 2019 година во Вухан, имало 13 различни соја на коронавирусот, изјави во ексклузивно интервју за Си-Ен-Ен научникот од Светската здравствена организација Питер Бен Ембарек.

Податоците собрани за време на првото патување на научниците, кое имаше за цел да го испитаат потеклото на Koвид-19, може да укажат на епидемија што била далеку пораспространета отколку што досега се мислеше.

Некои вирусолози веруваат дека големиот број соеви во Вухан уште во декември може да значи дека вирусот претходно се ширел незабележан.

Во Вухан вирусот кружел уште во декември, што е ново откритие, вели Ембарек, главен истражувач за мисијата на СЗО во Вухан, додавајќи дека откриле знаци оти во Вухан во декември 2019 веќе имало над 1.000 заболени од Koвид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This