СЗО: Cитyaциjaтa вo Европа e мнoгy cepиoзнa, пoвeќe oд eдeн милиoн лyѓe пoчинaa oд Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, денес објави дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Европа минатата недела надмина еден милион пациенти.

– Минатата недела надминавме еден милион потврдени смртни случаи од коронавирусот во европскиот регион. Ситуацијата кај нас е многу сериозна: секоја недела бележиме 1,6 милиони нови случаи, а тоа се 9.500 на час или 160 лица во минута – се вели во изјавата на Клуге.

Тој додаде дека само кај најстарите има пад на бројот на заболени.

– Во претходните два месеци, трендот кај луѓето над 80 години е променет во споредба со сите други возрасни групи, веројатно заради големиот број вакцинирани кај ризичните групи. Од февруари, постепено се намалил бројот на луѓе кои починале од Ковид над 80-годишна возраст, што е најниско ниво од почетокот на пандемијата – откри Клуге.

– Бројот на хоспитализирани се уште е голем, во добар дел од Европа, вели тој.

– Овој април, приемите во болници и единиците за интензивна нега во Франција го достигнаа највисокото ниво од минатата година. Постојат мали индикации дека преносот се забавува во некои земји. Да бидеме јасни, раните знаци на намалување не се исти со ниските стапки на пренос на коронавирус. Инфективноста мора да се намали на ниско ниво, со вложување на нашата енергија и отпорност да го победиме вирусот – заклучи Круге.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This