СЗО co бapaњe: Дa нe ce вoвeдyвa oбвpcкa зa вakциниpaњe пpи пaтyвaњaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вонредниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет.

Комитетот од 19 независни експерти го одржа својот шести состанок за една година, со кој претседаваше Французинот Дидиер Хосин, во време кога бројот на зпочинати од Ковид-19 се приближува на два милиони.

Експертите дадоа голем број препораки кои генералниот секретар на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги прифати и им ги испрати на членките на Обединетите нации, се наведува во соопштението на организацијата.

Во овој момент не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на трансмисијата, а вакцините не се целосно достапни. Доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување ризикот од зараза за време на патувањето. – препорача комитетот на СЗО.

Комитетот ги повика државите да следат ја појавата на нови варијанти на корона вирусот, како што се оние во Велика Британија и Јужна Африка за да се процени ефикасноста на вакцините, лековите и дијагностичките тестови. СЗО исто така повикува на испраќање технологии до посиромашните земји за да се забрза глобалното производство на вакцини.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Португалија, која го презеде претседателството со ЕУ, ја поздрави иницијативата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој предложи воспоставување на потврда за вакцинација на ниво на ЕУ заради обнова на прекуграничните патувања во рамки на ЕУ.

Ја поздравувам оваа иницијатива. Овие сертификати мора да бидат заемно признаени и стандардизирани – изјави фон дер Лајен.

Постојат стравувања дека воведувањето на вакви сертификати може да ги дискриминира луѓето кои не ни имале пристап до вакцината. Фон дер Лајен вели дека ова може да се реши со комбинација на такви потврди и негативен тест за Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This