СЗО ja мeнyвa cтpaнaтa: Имa нaмepa дa ja пoддpжи пpoмoцијaтa нa pycкaтa вakцинa пpoтив кopoнaтa Cпyтник V

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација има намера да ја поддржи промоцијата на руската вакцина против вирусот корона Спутник V, изјави директорот на СЗО во Европа, Ханс Клуге, за време на средбата со рускиот премиер Михаил Мишустин.

На почетокот на состанокот, Клуге, меѓу другото, го пофали говорот на рускиот претседател Владимир Путин на седницата на Генералното собрание на ООН за обезбедување поддршка на Светската здравствена организација.

Кажете му на претседателот дека имате и лојален пријател во Европската канцеларија на СЗО во Копенхаген, му рече Клуге на Мишустин.

Тој додаде дека ова е негова прва посета на Русија како регионален директор.

Тоа е знак на мојата силна посветеност за проширување на соработката со Русија на национално, регионално и глобално ниво, вклучително и промовирање на руски јазик и задолжително промовирање на огромна работа за вакцината против вирусот корона Спутник V, рече Клуге.

Да потсетиме, првата вакцина против вирусот корона беше регистрирана во Русија во август.

Претходно, заменик-градоначалникот на Москва, Анастасија Ракова, објави дека на 9 септември започнала доброволната вакцинација против вирусот корона во руската престолнина како дел од фазата на пост-регистрација (трета) на тестирање на руската вакцина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This