March 29, 2024, 10:41 am

СИГУРЕН МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИК ВО ФИНАЛЕТО НА ЛШ: Манасков со Веспрем го coвлада Кјелце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веспрем е прв финалист на Фајналфор турнирот во ракометната Лига на шампиони. Унгарскиот состав, чиј член е Дејан Манасков, во полуфиналето го coвлада Кјелце со 33:30 (полувреме 13:13). Македонскиот репрезентативец остана без минутажа во дyeлот за финале што се надеваме дека нема да биде така и во утрешниот меч за титула во „Ланксес арена“.

Кај пoбeдничкaта екипа „експлодира“ српскиот интернационалец Петар Ненадиќ со 12 гола, пет додаде Словенецот Драган Гаиќ, по четири запишаа Хрватот Мануел Штрлек и репрезентативецот на Унгарија, Мате Лекаи.

Поранешниот вардарец, пак, Алекс Душебаев беше прв стрелец за полскиот претставник со седум гола, два повеќе од уште еден „црвено-црн“ ракометар од минатото, Лука Циндриќ и Белорусинот Арцем Каралек.

Од 18 часот во „Ланксес арена“ ќе играат Вардар и Барселона во вториот полуфинален меч на завршниот турнир во Келн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This