April 23, 2024, 10:06 am

Сигурно не сте забележале: Дали знаете дека има гpeшка во имињата на месеците?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во целиот свет се употребуваат имиња на месеци установени во календарот на стариот Рим пред повеќе векови. Меѓутоа, тие називи се недоследни и самите се собрани од различни епохи, а многу луѓе и не знаат дека кријат една „грешка“.

Во календарот кој денес се користи во најголемиот дел од светот, пет месеци носат имиња по боговите од римскиот Пантеон – Јанус, Фебрус, Марс, Мај, Јунон.

За два имињата во своја чест ги создале царевите – јули (Гај Јулиј Цезар) и август (Гај Октавијан Август). Името на април доаѓа од глаголот (латински aperire, што значи раскриви), а четири месеци имаат нумерички имиња – септември, октомври, ноември и декември.

Токму тука се поклопува грешката затоа што тие имиња со „бројки“ се несоодветни. Деветиот месец се нарекува со седмиот број (септември), десетиот со осмиот (октомври), единаесетиот со деветти (ноември), а дванаесетиот (декември).

Како дошло до грeшката? Првиот римски календар во времето на Ума Помпилија имал само десет месеци. Така и било предвидено септември да биде седми, октомври осми итн. Проблeмот настанал веќе по Нума кога се воведени уште два месеци и тоа на почетокот на годината која до тој момент започнувала во март. Пред овој месец тогаш се „вметнати“ јануари и февруари.

Никој не се сетил дека на месеците кои имиња носеле по својот реден број, имињата треба да им се вклопат со новото место во годината. Така седмиот станал девети, осмиот десетти, деветиот единаесетти, а десетиот дванаесетти. И така всушност најголемиот дел од светот и денеска ги учи имињата на месеците „со грeшка“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This