СИГУРНО СИТЕ ГИ КОРИСТИТЕ:Неколку факти зошто родителите треба да бидат внимателни со детските сирупи за искашлување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сирупот против кашлица е еден од најпопуларните производи во аптеките, но пред да го употребувате овој лек треба знаете неколку работи, кога станува збор за децата помали од 6 години.

Канадскиот педијатар Дина Кулик за Хафингтон пост одвои неколку факти зошто родителите треба да бидат внимателни со употребата на сируп против кашлица. Како прво, докажано е дека сирупите воопшто не ја ублажуваат кашлицата и симптомите на настинка, а постојат и несакани ефекти, особено кај малите деца.

Кои се типичните лекови за кашлица и настинка?

Најчести лекови против кашлица се:

1. Сузбивачи на кашлица – содржат декстрометорфан

2. Средства за намалување на конгестија – содржат псеудоефедрин и фенилефедрин

3. Експекторанси на кашлица – гваифенезин

4. Антихистаминици – дифенхидрамин, хлорфенамин и бромфенирамин

Што е тоа што загрижува?

Многу лекови за кашлица и настинка не се добро проучени на деца, постојат потенцијални опacности како нарушување на ритамот на отчукување на срцето, крвниот притисок и нивото на свест, доколку се консумира поголема количина од лекот.

Овие лекови можат да доведат до изненадни нaпaди кои во некои случаи можат да го загpoзат и животот на детето.

Што може да користите против кашлица и настинка?

За деца помлади од 6 години докторката не препорачува никакви лекови за кашлица и настинка. За постарите деца, доколку се одлучите да користите лекови, следете го упатството за примена на лекот, употребувајќи ја лажичката за дозирање која сте ја добиле со сирупот.

На децата никогаш не им давајте лекови за возрасни.

Доколку детето е помало од 6 години еве неколку совети како да ги ублажите симптомите:

1. Детето нека одмора и нека пие многу течности

2. Користете изотоничен раствор на морска вода за да ги прочистите дишните патишта

3. Користете навлажнувач на воздухот во детската соба

4. Поткренете го душекот во креветчето на детето или ако е поголемо да спие на перница

5. Децата постари од 1 година можат да јадат мед, за кој испадна дека е поефективен од сирупите кога е во прашање редукцијата на симптоми на настинка и кашлица.

6. Не заборавајте рацете секогаш да ви бидат чисти за да спречите ширење на болеста кај останатите членови на семејството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This