April 26, 2024, 12:03 pm

СИЛЕН ВЕТЕР ПРЕВРТЕЛ ШЛЕПЕР: Ветер со брзина од 100км на час предизвикал неколку сообраќајни несреќи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шлепер се преврте во околината на Златица истично од Зрењани, а поради силниот ветер еден камион излета од патот кај Перлез, пишува на метеоролошкиот сајт Војводинаметео. Како што е наведено, се уште не е позната причината за превртувањето на шлеперот кај Златица, ама постојат сомневања дека до превртувањето дошло поради силен југоисточен ветер, пренесува Бета.

„Силните странични удари на ветрот предизвикале превртување на неколку шлепери во Банат, а снежните наноси ги блокираа патните правци во околината на Баранда, Сакула и Опов. Уловите за возење се значително отежнати на патниот правец Белград-Зрењани“, неведува Војводинаметео.

Според прогнозите на метеоролозите, во Војводина денес се очекува умерен и јак југоисточен ветер, меѓутоа во Баната брзината на ветрот ќе достигне и до 100 км на час, односно повеќе од 25м во секунда, односно ќе премине во бура.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This