СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО СКОПЈЕ: Земјотрес со јачина од 3.9 ги разбуди Скопјани утринава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во точно 6.58 утрината на 11 Септември земјотрес со јачина од 3.9 степени ги разбуди Скопјани. 

zemjotres
Според неофицијалните податоци на Европскиот онлајн центар за сеизмолошка активост се работи за земјотрес на длабочина од 5 километри, со епицентар Скопје, поточно во погодените места од поплавите. Епицентарот се наоѓа на еден километар југозападно од Црешево во близина на Смилковци.

zemjotres_podatoci

 

Според мапата на интензитет се работи за релативно силен земјотрес, кој не може да предизвика поголеми штети освен паника кај граѓаните.

Претходно во јавноста постоеа дебати дека катаклизмичните поплави не значи дека би можеле да направат поголем проблем или промени во сеизмолошката активност во и околу поплавените подрачја, бидејќи како што истакнаа тогаш поголем дел од експертите се работи за вода која се движи во горните делови на земјината кора.

Според сеизмолошкиот радар, се работи за земјотрес со епицентар токму во поплавените подрачја, иако истиот е релативно плиток, на само 5 километри длабочина.

Јачината е 3.9 степени.

intensitymapthumbnails

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This