Силјановска Давкова до влacтa: Дaли мaшки ќe гo paзpeши coвeтникoт зa инвecтиции Николовски зapaди мизoгиниoт гoвop кoн Дaнeлa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката и професорка Гордана Силјановска Давкова преку статус на Фејсбук ја прашува власта дали машки ќе го разреши советникот за инвестиции Николовски заради мизогиниот говор кон Данела или ќе продолжите да го спонзорирате со 40 илјади денари народни пари?

-Отворено пратеничко прашање до премиерот

Ве прашувам како ЖЕНА, пратеничка и претседателка на Комисијата за еднаквост на жените и мажите.

Во сите извештаи на Конгресот на локални и регионални власти за имплементација на Европската повелба за локална самоуправа во Република Македонија, вклучувајќи го и последниот (од годинава), СО ПРАВО се критикува малиот број жени – кандидатки за градоначалнички, а особено минорниот број избрани градоначалнички: само 6 во 2017 година!

Вие често се декларирате како „ феминист“, па од Вас очекувам да ги стимулирате жените за учество на локалните избори. Ама…

Ќе се одважите ли да реагирате на поплавата од примитивни, патријахални, парохијални, шовинистички, мачоистички, сексистички, мизогини напади врз независната кандидатка за градоначалничка Данела Арсовска од ваши фрустрирани приврзеници, па дури и СОВЕТНИЦИ, или ќе ги толерирате, охрабрувајќи го недоличниот говор и кон другите кандидатки?

Ќе го разрешите ли МАШКИ советникот за инвестиции Николовски заради мизогиниот говор кон Данела, или ќе продолжите да го спонзорирате со 40.000 народни, што значи и ЖЕНСКИ пари? Има ли посрамна инвестиција од онаа во говор на омраза, Ве прашувам.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This