СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА СРПСКА ПОЛИТИКА: Прашањето за името на државата ќе го држам отворено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српска „Политика“ направи интервју во Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседателка на Република Македонија поддржана од ВМРО ДПМНЕ.

Претседателските избори во Македонија ќе бидат одржани на 21 април, а доколку ниту еден кандидат не победи во првиот круг, вториот ќе биде одржан на 5 мај. Во шестите претседателски избори во оваа земја досега се пријавени тројца кандидати, а Политика во наредните денови ќе објави интервју со нив во кои ќе се обиде да ги објасни клучните точки на нивните предизборни програми. Во денешниот број го објавуваме разговорот со Гордана Силјановска Давкова, универзитетска професорка по уставно право, која во претседателската трка влегува со поддршка на опозциската ВМРО ДПМНЕ, пишува Политика.

Тоа што ја добив поддршката на ВМРО ДПМНЕ не значи дека ќе се обраќам само на членството на оваа партија. Одлуката да се кандидирам ја донесов поради состојбата на демократијата и концентрацијата на власт во рацете на владеачката коалција, која нема слух ниту за опозицијата, ниту за рефрендумот – истакнува Силјановска Давкова за Политика.

Политика: На што конкретно мислите?

Се соочуваме со најтежок облик на заробена држава заевизам, бидејќи институциите се во рацете на расипничка, корумпирана и неспособна елита. Поттикната од подршката на ценетите професори, решив да истапам од професорскиот кабинет и она што го знам од теоријата да се обидам да го применам во пракса. Мојата позиција е природно опозициска, бидејќи сегашната власт ја одалечува земјата и од европските интеграции и од демократијата. Провладините структури се обидуваат на грб да ми ги натоварат сите гревови на ВМРО ДПМНЕ. Мојот одговор на таквите инсинуации е дека доаѓам надвор од кругот на таа партија, дека секогаш ги критикувам лошите политики, дека ја критикував и владата на ВМРО, како што беше реформата во образованието на министерот Никола Тодоров. Факт е дека никој не понесе одговорност за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Дел од обвинетите за настаните кои се случија на 27 април, амнестирани се во време на промената на Уставот за да се добие твотретинско мнозинство, а овие денови чудесно се уништени и доказите против Сашо Мијалков, кој беше шеф на тајната служба во време додека Груевски беше на власт. Оние кои дојдоа на власт со слоганот: Нема правда нема мир, сега им се подбиваат и на правото и на правдата.

Политика: Вие сте професорка на уставно право. Со Преспанскиот договор изменет е Уставот во 4 члена, со што се промени името на државата. Партијата која ве поддржува, меѓутоа не го прифаќа овој договор со Грција…

Предупредувавме дека промената на името не ги решава клучните прашања, а ја отвара Пандорината кутија на внатрешните судири и ја одалечува земјата од реформи. Отвореното писмо го потпишаа седумдесетина многи значајни имиња, вклучувајќи го и Милан Кундер. Преспанскиот договор како колатерална штета има за цел рушење на уставниот систем. Нема сега простор за да ги набројам сите инстанци на кои се прекршени законите, но прекршена е Виенската конвенција за меѓународни договори. Референдумот беше приказна за себе. Македонија денеска има октроиран устав, кој не е демократски договор. Власта не само што се одрече од постоење на македонското малцинство во соседните држави, туку и на македонскиот народ му го поништија правото за самоопределување(остварено 1944 година). Македонците се изедначени со помалите етнички заедници. Атрубутот „македонски“ се употребува само во етничка смисла, а никој не знае како се вика нацијата/демосот на оваа држава. Сите тие работи се принципелни, а не од политичка или партиска природа.

Политика: Што планирате да направите во тој поглед доколку бидете избрани за претседателка?

Планирам да го држам прашањето за името отворено, ќе формирам меѓународна група на експерти кои ќе напишат извештај за кршење на националното и меѓународното право и ќе делуваме по тие наоди. Кога зборуваме за европските интеграции, власта го изгуби компасот, туркајќи го Преспанскиот договор, покажа тотална неспособност да спроведе и една реформа. Македонија назадуваше и не е чудно што од Брисел доаѓа порака дека се уште не сме подготвени за почеток на преговори. Поларизацијата на двете најголеми македонски партии ги подели и македонските граѓани, па се стекнува впечаток дека клучните одлуки можат да ги донесат само албанските партии кои се во власта. Зошто Македонците не се обединат? Ако уште во 2001 година, па и порано меѓуетничката поделба беше најголем проблем за кохезија на земјата, последните години се поделија Македонците. Јас се обидувам да ги обединам граѓаните околу идејата за владеење на правото и правдата, што е и мое мото. Демократијата бара граѓани и мораме да се спротивставиме на власта која во своите раце има и тајни служби и медиуми, па дури и симпатии на меѓународната заедница како награда за добро завршената работа.

Политика: Како потенцијална претседателка, како гледате на застојот во бриселскиот дијалог меѓу Белград и Приштина и дали тој може да се одрзаи врз Македонија?

Косовскиот проблем е отворено прашање кое го оптоварува не само Белград и Приштина, туку и регионот. ЕУ за жал не најде вистинска формула како да оствари вистинска европска перспектива за целиот регион, а тоа да не се сведе на уцени и залажувања. Наративот на македонската влада е контрадикторен: од една страна зборува дека (скоро) сме во НАТО и дека тоа е трајна гаранција за миорт, а од друга страна се уште не плашат со домино ефекти доколку дојде до поделба, односно размена на територии. Нашите земји се дел од Европа, а дали ќе станат дел од ЕУ, тоа зависи и од посветеноста на Брисел и од состојбата внатре во ЕУ. Првиот тест се европските избори во мај.

Политика: Како ги оценувате односите меѓу Србија и Македонија?

Односите се традиционало добри. За жал, поради внатрешните проблеми нашата поширока јавност посветува малку внимание на случувањата во соседните држави. Ако бидам избрана за престедателка, ќе градам добри односи, не само со ЕУ, туку и со регионалните партнери, се разбира и со Белград.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This