Силјановска Давкова оствари средба со претставници на Левица, очекува нивна поддршка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со челници и членови на партијата „Левица“.

-Во „Левица“ јас сум опкружена со бивши студенти кои не се забораваат, јас сум им била професорката, меѓу нас не може да има преправање. Многу се познаваме и тоа е инвестиција што вредела да се направи. Разговаравме за проблемите со кои се соочува оваа држава, за можните решенија, за приоритетите, за тоа што не врзува, што не раздвојува.

И кога разговарате со аргументи, со луѓе со кредибилитет, луѓе како што реков кои што никогаш не се забораваат,се помнат иако сум поминала многу генерации, тогаш мислам дека може да се договорите околу клучните прашања. И јас очекувам, се разбира јас ја почитувам процедурата, тие имаат процедура, имаат органи, ќе разговараат но јас сум голем оптимист, посочи Силјановска Давкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This