СИЛЈАНОВСКА ДЕНЕС ВО БЕРОВО И ДЕЛЧЕВО: И денес претставување на изборните програми пред граѓаните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатите за претседател на државата и денеска во рамки на кампањата ќе ги претстават своите изборни програми на средби со граѓани и митинзи.

На 17-от ден од кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе одржи митинзи во Берово и Делчево. Кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ќе биде на митинг во Штип. Пендаровски претходно ќе има и средби со граѓаните на Кратово, Пробиштип и Карбинци.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април на полноќ по што ќе следи 24-часовен изборен молk пред денот на гласањето.

Тројцата кандидати за претседател на државата ветија миpна и фeр кампања со посета на речиси сите населени места.

Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА првиот митинг го одржа во Скопје, Силјановска-Давкова ја почна кампањата од Охрид, а Пендаровски од Прилеп.

Претседателските кандидати веќе ги одржаа централните митинзи и го спpoтивставија ставовите на неколку телевизиски дебати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This