April 25, 2024, 12:36 am

СИЛЈАНОВСКА ДЕЦИДНА: Меѓународната не смее да учествува во кампањата за Северна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Странци не смеат да учествуваат во кампањата за референдумот согласно Виенската Конвенција и македонската изборна регулатива. Според професорката Гордана Силјановска, учеството на Европската Комисија во кампањата за претстојниот референдум е целосно спротивна на македонските закони, но и на меѓународните конвенции.

– Во кампањата чувме дека ќе се вклучи и Европската Комисија. Како што е забрането финансирање однадвор на избори, истото важи и за референдуми. Тоа не само што е спротивно со Виенската Конвенција туку и со македонската изборна регулатива – изјави професорката Гордана Силјановска Давкова во емисијата „Отворено“ на Алфа тв.
И Венецијанската Комисија вели дека употребата на јавните фондови за финансирање на кампањата мора да биде забранета – Венецијанскиот Кодекс не дозволува влијание во кампањата и користење на државниот буџет иако од Владата велат дека препораките се почитувале, а министрите ќе биле активно вклучени поради стратешката цел на државата.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1339771609492733/

Во врска со ова аналитичарите веќе некое време предупредуваат – стратешката цел на Македонија за влез во ЕУ и НАТО се користи како изговор за злоупотреба на правото на јавните функционери, а во моментот се користела правна празнина за исполнување на одредена цел.

– Ако евентуално постои закон кој овозможува владата да користи буџетски средства за свои реклами , не значи дека Владата треба таа своја законска можност да ја користи по секоја цена и не на ваков начин – рече професорот Љубомир Цуцуловски.

Апасиев брилијантен на дебатата на Филозофски…

Договорот со Грција, потпишан од владата на Заев, поточно Никола Димитров е „клинички мртов“, односно правно ништовен и не може да произведува никакво правно дејство, затоа што не е во согласност со Уставот, вели професорот Димитар Апасиев, додавајќи дека за истиот постојат повеќе правни пречки да профункционира…

Posted by infomax.mk on Monday, September 3, 2018

Според професорот Димитар Апасиев пак, користењето на пари од буџетот за кампања претставува кривично дело. Тој кажа дека ДИК не смеела да зема улога на законодавец и да донесува правилници за спроведување на правна празнина со којашто против законито и против сите референдумски практики се фаворизира одредена гарнитура и под закана за кривична одговорност да се даваат јавни пари за финансирање на кампањата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This