СИЛЈАНОВСКА ЗАСТАНА НА БРАНИКОТ НА ТАТКОВИНАТА :„Кога СДСМ ја паpчеа и тpгуваа со Македонија, професорката Силјановска Давкова беше на браникот на татковината“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тогаш кога Македонија овие луѓе ја паPчеа, делеа и тргуваа со нејзината територија, Гордана Силјановска Давкова беше на браникот и се бореше со принципите и за татковината која што е наша заедничка на сите граѓани, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Куманово.

Мицкоски пред присутните објасни зошто делегатите ја избрале професорката Силјановска Давкова на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга.

– Помина конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, разговарав со делегатите со луѓето кои што гласаа и ги прашував зошто токму изборот беше професорката гордана Силјановска Давкова. Одговорот ќе го конципирам во два дела. Првиот дел станува збор за најинспиративниот професор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор кој што несебично го споделил своето знаење со генерации студентите на правниот факултет, жена, мајка, сестра, сосетка другар и иден претседател на Република Македонија, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека пак втората работа поради која Силјановска Давкова ги доби гласовите од делегатите беше тоа што секогаш со јасни и прецизни ставови и кога СДСМ ја раcпарчуваше и продаваше државата таа беше на браникот на татковината.

– Втората работа. Тогаш кога требаше јасни и прецизни беа нејзините ставови. Тогаш кога Македонија овие луѓе ја парчеа, раск чмуваа, делеа и тргуваа со нејзината територија и во 2004 и во 2018, Гордана Силјановска Давкова застана на браникот и се бореше со принципите и се бореше за татковината која што е наша заедничка и на Македонците и на Албанците и на Србите и на Турците и на Ромите и Власите и на сите останати, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This