СИЛЈАНОВСКА: Имаме долг кон Евреите во Македонија, но имаме и долг кон партизаните во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата “Што не е јасно” на Алфа телевизија за антисемитските напади врз министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, професорката Гордана Силјановска истакна дека не смееме да дозволиме одредени луѓе од политиката да се однесуваат непримерно кон новата министерка за социјала и труд затоа што е Еврејка и праша каде се сите оние кои се залагаат за правата на жената и на верските права.

 

 

 

 

-Сега кога добивме профил на извонредно образована и модерна жена не смееме да дозволиме вакво однесување на поединци кон Рашела Мизрахи. Кога реагира Еврејскиот центар за холокаустот, основан од Симон Визентал, тоа многу значи. Но, она што е болно за нас во Македонија е тоа што никогаш во македонија немало антисемитизам. Но, што е ми се чини најважно. Во нашиот идентитет е вграден и холокаустот, како нешто мрачно. Бидејќи повеќе од 7 илјади луѓе Евреи од Mакедонија биле депортирани во Треблинка, меѓу кои и многу од семејството на министерката Мизрахи. Значи ние имаме долг кон Евреите во Македонија, но имаме и долг кон партизаните во Македонија. Еден ден и нашиот сосед Бугарија ќе мора во својот идентитет да признае дека тогашната власт, не бугарскиот народ, ставила потпис за депортацијата. Не е лошо еден бугарски политичар да собере сила и да се извини за тоа. Да кажам и за измените во уставот од 2001-ва година на членот што се однесува на верата и на верските заедници, стои со право и Еврејската црква. Ако имаме и еврејско маало и Музеј на холокаустот, ако имало и има синагога во Македонија, тогаш зошто Еврејската заедница ја нема во Преамбулата во уставот?, рече Силјановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This