СИЛЈАНОВСКА: Како денес гледате на името „Илинденска Македонија“, што го предложи Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во кратка анализа со наслов “ПОЛИТИЧКИ НАИВНИ ИЛИ?” професорката Гордана Силјановска Давкова поставува дилеми и анализира зошто Зоран Заев лани го даде предлогот Илинденска Македонија и зошто Грција истиот го одби за два часа.

Целата анализа на Силјановска – Давкова:

Ja помните ли детската заевистичка еуфорија на македонскиот „преговарачки“ тим за фамозното име „ Илинденска Македонија“, како „најдобро“ решение и „единственото“ што би важело „erga omnes”?
Се сеќавате ли дека за него се разговараше на маргините на Самиот „ЕУ- Западен Балкан“ во Софија?

Се прашувате ли кој го предложил „идеалното“ решение, кој стрaсно го поддржуваше со збор и перо, кој не убедуваше дека е „ Соломонско“?

Како гледате на името „Илинденска Македонија“денес, низ призма на реактуелизираниот македонско-бугарски „спор“ за карактерот на Илинденското востание и националната припадност на Гоце Делчев, со чие решавање сме обусловени пред да зачекориме кон ЕУ?

Да не се работеше за обид за „бугаризација“ на Република Македонија преку име што ќе се врзе за „бугарскиот“ карактер на Илинденското востание и „бугарската“ национална припадност на македонската национална икона Гоце Делчев?

Демек, „Илинденска Македонија“ е „Бугарска Македонија“, ТМРО е „ТБРО“, а ВМРО е ВБРО“.

Ги помните ли жестоките обвинувања на заевистите за недоволен респект и немање свест за значењето на Илинденската епопеја на опозицијата и критичарите на името „Илинденска Македонија“?

Како гледате на тегобниот молк на оние кои по фуриозното навивање за „ Илинденска Македонија“, потем, егзалтирано го бранеа името „Северна Македонија“, ама сега со „erga omnes“ важење, иако преходно се колнеа дека тоа важи само за „ Илинденска Македонија“?

Сте чуле ли за претседател, премиер или министер на држава кој се откажува од историски личности со клучна улога во градењето на македонскиот национален наратив?

Си велам: Да не препозна грчката преговарачка армада во името „ Илинденска Македонија“ големобугарска идеја?

Ме јаде јанза: дали македонскиот тим од политичка наивност, егзалтирано, веднаш го прифати предлогот на кумот да се викаме „Илинденска Македонија“ или ???

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This