Силјановска: Не може да зборуваме за добрососедство ако нема взаемно почитување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1 на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска посочи дека правото и правдата се клучни елементи и затоа мора да се почне со нив и да се стави акцентот во оваа област.

Говорејќи за актуелната политичка ситуација, Силјановска рече дека е крајно време со политика да се занимаваат луѓе кои се реализирани, кои не се кopумпирани, кои не се kpиминализирани.

„Првото нешто што ни го бара Европската унија е владеење на правото, затоа мора се да почне оттука. Тоа е клучно. Се ќе биде поинаку ако во Собранието седнат луѓе со знаење, ќе можеме со аргументи да правиме консензус за политики“, кажа Силјановска.

Професорката се осврна и за тоа кога еден јазик станува официјален во ЕУ.

„Тоа е редовна процедура. Во ЕУ постои рамка за употреба на јазиците, што значи тоа – кога ќе завршат преговорите се пристапува кон склучување на договор, тоа е прво ниво, второ ниво е регулатива број 1 од 1958 година и на таа регулатива се поднесува амандман за јазикот на државата која влегува во ЕУ. И со овој последен чекор или со амандман јазикот на државата која станува полноправна членка во ЕУ станува и официјален јазик во ЕУ“, рече Силјановска која укажа дека мултилингвализмот е главно во Европскиот парламент, а оти другите институции на ЕУ секоја има различно утврдени официјални јазици.

Силјановска говорејќи за Договорите со Грција и Бугарија рече дека добрососедство може да има кога има взаемна почит.

„Добрососедство може да има по прошка, а прошка може да има по извинување. Почит и разбирање не може да има без извинување. И самата ЕУ треба да тргне од суштината на добрососедството. Мислам дека ЕУ мора да се усредсреди на суштината на филозофијата на своето постоење бидејќи за да биде Унијата заедница мора да е втемелена на вредности. Во барање на решенијата треба да тргнеме од суштината, значи не може да зборуваме за добрососедство ако нема взаемно почитување“, рече професорката Силјановска во изјавата која ја даде денеска пред споменикот на децата бегалци во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This