СИЛЈАНОВСКА НИЗ ОХРИД СО МИЦКОСКИ И ИВАНОВ: Немам зборови како да ви се заблагодарам за поддршката – вистинските вредности да победат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Немам зборови како да ви се заблагодарам за поддршката. Длабоко во ноќта останав да ги читам вашите пораки и да одговарам на нив. Ве има многу. Сите барате надеж работите да се вратат во нормала. Вистинските вредности да победат. Правото и правдата да се воспостават, напиша на Фејсбук Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, која ја почна кампањата со прошетка во Охрид во друштво на претседателот Ѓорге Иванов, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски.

-Ве има секакви. Оние кои никогаш не гласале ЗА, туку против. Оние кои гласаат за ВМРО и препознаваат дека не сум партиски човек, но и дека сум искрен родољуб кој нема да погази Устав и закон и ќе го применува исто кон сите! Оние кои гласаат традиционално за СДСМ или се членови, но кои сметаат дека е време работите да се сменат и да се даде простор на идеи и личности што вредат. Оние кои се спремни да поминат преку етничката бариера зашто партиите и лидерите не делат, а вредностите ни понираат до бескрај. Оние кои никогаш не гласале, или дури се иселиле од земјата од разочараност од состојбите, но кои конечно ќе излезат на гласање затоа што имаат кандидат со вредности и принципи на правда и правдина кои никогаш нема да ги напушти, додаде Силјановска и порача дека сака да биде претседател кој обединува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This