Силјановска: Ниту еден меѓународен стандард не зборува за државјани на една држава кои се надвор подолго од 12 месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордана Сиљановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа во врска со пописот вели дека не може да зборуваме за статистички процес, доколку во законот нема правни гаранции за тоа. Таа рече дека демократијата значи точно утврдени правила, а неизвесен резултат. Како пример го даде законот за попис во Хрватска. Нашиот попис има неизвесни правила.

„Само тие дома се жители, а тие надвор се жители на друга зема, а имаат и македонско државјанство. Нивното попишување не гледам со каква цел би било, зошто таму имаат образование, здравствено осигурување, пензија и се друго. Ниту еден меѓународен стандард не зборува за државјани на една држава кои се надвор подолго од 12 месеци, зошто тие влегуваат во пописната маса надвор.“ – истакна Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова истакна дека мора да се попишат оние кои имаат живеалишта, а кај нас ќе се попишуваат лица на привремена работа и престој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This