April 19, 2024, 12:11 am

СИЛЈАНОВСКА ОД КРУШЕВО:Ако е реформа да промените име, не знам каква реформа е тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силјановска во посета на Крушево:

Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Република Македонија денеска оствари средба со жителите на Општина Крушево.

На средбата Силјановска Давкова истакна дека никој во историјата не се борел за ова што денеска и се случува на Република Македонија, потенцирајќи дека Асномските одлуки не можат да се сменат со проглас, односно како што рече таа проглас не акт според правниците.

Пролета е на прагот. Ние ја слушнавме француската министерка сега како вели договор е договор, го вклучивте. Но, ние се водиме од Копенхагеншки критериуми, владеење на право, просперитетна економија, справување со корупцијата и криминалот, стручна и компетентна администрација. Нив Македонија ги нема и не може да е волшебник премиерот и министрите. Не се тие волшебници тоа да го направат во ова кусо време што претстои. Зошто белки не беа сите 26 министри преокупирани само со Преспанскиот договор и со законот за употреба на јазиците. Што правеа сите овие години? Ништо. Ако е реформа да промените име, не знам каква реформа е тоа.

Не, не пишува горе Северен Македониум, не пишува дека се бореле Илинденците за некаква си Северна Македонија. Никогаш никој во историјата не споменувал такво нешто, впрочем ги знаеме Асномските одлуки. Но, и нив ги забошотија па ги сменија со некаков проглас. Проглас не е акт, велиме ние правниците, рече Силјановска Давкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This