СИЛЈАНОВСКА ОД СТРУГА: Очекувам граѓаните во вториот круг да одлучат самостојно бидејќи гласот е само нивен!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова денес ја посети Струга, за која што вели дека како нејзе „нема друга“.

Почитувани,

Веќе сум рекла дека како Струга нема друга и дека секогаш кога сме низ светот се чуствуваме како Костантин Миладинов, целата т’га за Македонија е т’гата за југот.

Јас во вториот круг очекувам граѓаните на Струга без оглед на етничка, верска, јазична и друга припадност сами да одлучат бидејќи гласот е нивен, а не партиски, кому ќе му го доверат. Мислам дека доволно нешта во животот сум направила за да докажам дека не ги pазликувам луѓето по етничка, верска или јазична припадност.

Кога велам граѓанки и граѓани на Струга мислам не само на Македонците, мислам на Албанците, на Турците, на Ромите, на Власите, на Египјаните и на сите други. Неверојатно ми значат овие гласови зошто она што ни е заедничко е Охридското езеро, ако сум јас родена во Охрид, Струга е тука и навистина ги охpaбрувам, ги замолувам, ги убедувам дека доколку го дадат гласот за мене дека ќе го дадат гласот за некој кој што цел живот се водел и ќе се води и раководи од еднаквоста на сите пред правото во интерес на ппавдата и kpитиката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This