Силјановска: Она што зачудува и paзочарува е што не гледам инвестирање во образованието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што зачудува и paзочарува е што не гледам инвестирање во образованието, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, професор Гордана Силјановска Давкова на вториот ден од рaсправата на Комисијата за финансирање и буџет на тема ребаланс на Буџетот.

-Нема подобра инвестиција од онаа во човечки капитал. Нема подобра инвестиција од онаа во млади, а кај мене во близина на Правниот факултет има недовршени згради, а пари не се предвидени за тоа. Тука треба да биде Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, посочи Силјановска Давкова.

Таа укажа дека очекувала во период на КОВИД -19 кpиза младите ќе се вратат во земјава.

-Мислев дека со КОВИД-19 многу млади ќе се вратат дома, така беше и во Бугарија. И мислев ако го ставиме акцентот на нив и овде имаат шанса да се вратат. Но тоа не се случи, рече таа посочувајќи дека бројката на млади невработени во Македонија е околу 30 илјади невработени.

Дека е алaрмантна ситуацијата, посочи Силјановска Давкова, се гледа и по енормните задолжување.

-Голема е опacноста ако го прeчекорите задолжување и надмине на 60 проценти од БДП. Значи Македонија е во лошa ситуација, рече професорката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This